Новогодишна занаетчиска забава 24.12.2023

Novogodisna-zabava-2024

Занаетчиска комора на Република Северна Македонија (зкрсм во наредниот текст) организира новогодишна забава за занаетчиите на државно ниво, по иницијатива на претседателот  г-дин. Аргон Фазлији. Новогодишната забава за занаетчиите ќе биде обележена со говор на претседателот на Занатчиската комора на Република Северна Македонија, г- дин. Аргон Фазлији, кој ќе се обрати кон присутните занаетчии. Покрај топлото добредојде, ќе биде претставен годишниот план на предлог активности за 2024 година.

Во претходната 2023 година, ЗКРСМ успешно реализираше низа активности и во земјата и во странство. Г- дин Фазлији посебно ќе го истакне потпишувањето на Декларацијата за пристап во Асоацијата на Занаетчиски Комори на Западен Балкан за развој на занаетчискиот сектор. Македонија, како земја членка на Западен Балкан која успешно ги имплементира европските стандарди и закони во секторот на занатските дејности игра значајна улога.

Во 2024 година, ЗКРСМ ќе дејствува како ментор за земјите на Западен Балкан и ќе спроведе различни активности во согласност со стандардите на ЕУ за занаетчискта регулатива. Оваа година е прогласена за година на занаетчиство во Европската унија, па ЕУ ќе ги подржи земјите на Западен Балкан во спроведувањето на активности врзани со занаетчиство. Се очекува реализација на бројни проекти и активности насочени кон развојот на занаетите и исто така и за традиционалните односно старите занаети.

Извршната директорка на Занаетчискта комора на Република Северна Македонија, г-ѓа Јелена Спасова ќе се обрати кон присутните представувајќи го програмата и планот на активности за 2024. Посебно ќе истакне програмата и планот на активности во секторот на фризерството и козметичарство кој има најголем број на членови. Ќе биде формирана Фризерско- козметичарска секција при републичката занаетчиска комора но  истовремено ќе биде формирани и такви секции во градовите низ Македонија. Ова ќе биде прв пат занаетчиите низ секциите, да соработуваат директно со републичката комора на високо ниво.

Исто така, ќе бидат претставени активностите на  секциите за следната година, вклучувајќи ја организацијата на едукации и обуки за добивање на Мајсторско писмо, фризерски работилници на локално и државно ниво, членство на Македонија во Светската асоцијација OMC, учество на меѓународни натпревари и саеми, организација на семинари и едукации за фризери и козметичари.

Занатската комора на Република Северна Македонија организира оваа забава како прв чекор во реализацијата на сите предвидени активности во рамките на акцискиот план за развој на занаетчиството во  Македонија. Ве очекуваме во што поголем број за организација на сериозно обединување и сплотување на сите занаетчии во Македонија. Информации и резервации на телефон 071 953 388

ЗКРСМ