Занаетчиска Комора на Република Северна Македонија ја продолжува традицијата во организација на Светски Куп во Скијање за фризери и козметичари. Ова година, настанот ќе се одржи во познатиот скијашки центар Маврово, во Ресорт “Радика”. Настанот ќе содржи богат програм, вклучувајќи:
∙ Натпревари во скијање за фризери и козметичари.
∙ Панел дискусии на тема: “Развој фризерство и козметологијата како битни сегменти на занаетчиството.”
∙ Различни едукативни семинари од страна на реномирани фризери и козметичари од регионот.
∙ Дуално образование и примена на програми за доквалификацијс и преквалификација во занаетчиските комори на Балканот, секторот на занаетството.
∙ Презентации од претставници од Словенија и Хрватска и другите земји членки на ЕУ, за плановите и активностите кои се предвидени како поддршка на занаетчите за земјите на Балканот во преговорите за пристап во ЕУ.
Во рамките на настанот, учесниците ќе имаат можност да учествуваат во различни едукативни семинари, каде што ќе се споделуваат искуства и најнови трендови во областа на фризерството и козметологијата. Реномирани фризери и козметичари од регионот ќе ги одржат овие семинари, предавајќи им на учесниците вредни знаења и вештини.
На гала вечерата, ќе се доделуваат почесни пехари, медаљи и дипломи за постигнатите резултати, што ќе биде круна на ова едукативно искуство.
За дополнителни информации и пријавување, контактирајте ја Занаетчиска Комора на Република Северна Македонија на телефонскиот број: 071953388 или преку е-маил: Info@zkrm.mk.